Дигитализацијата на царинските постапки и поважните приоритети на Царинската управа денес беа презентирани пред претставници на IHEDN (Институт за високи студии за национална одбрана).

Како што беше најавено од 22 до 24.10.2019 година Царинската управа на Република Северна Македонија ќе биде домаќин на најзначајната конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), која ќе се одржи во хотелот Хилтон во Скопје. На конференцијата се очекуваат околу 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија мигранти и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани девизи, автоделови, облека, кујнски ножеви и фалсификати.

Царинската управа е една од клучните институции за регулирање на прекуграничната е-трговија. Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките во поштенскиот сообраќај значително ќе се зголеми контролата. Исто така, ќе се отвори е-платформа на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите оние кои вршат нерегистрирана е-трговија. Одлична иницијална средба со министерката за финансии Нина Ангеловска и Асоцијацијата за е-трговија и претставници на државни органи, комори и деловен сектор.

  

14102019 etrgovija

 

  

 

При длабинска контрола на патниот правец Велес – Скопје царинските инспектори од Одделението за оперативни работи прoнајдоа 45 (четириесет и пет) мигранти без документи за идентификација.

Царинската управа од 22-24.10.2019 година ќе биде домаќин на најзначајната конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), што ќе се одржи во Скопје. Конференцијата се организира во соработка со Светската царинска организација и Економскиот факултет пр Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.

На 4 октомври 2019 година, во Белград се одржа билатерален состанок помеѓу претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Србија.

На граничниот премин Богородица, на излез од државта, на 6 октомври 2019 година запленети се околу 45 килограми марихуана.

Согласно стратегијата на Царинската управа за зајакнување на партнерските односи со деловната заедница во Република Северна Македонија, вчера (02.10.20019 година), директорот г.Ѓоко Танасоски оствари деловна средба со компаниите Актива ДОО Штип - една од водечките реномирани градежни компании со висока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на металската индудстрија, како и со ALBATROS - модерна компанија за облека, производител на висококвалитетни кошули.

Царинската управа во соработка со GIZ и ЦЕФТА Секретаријатот вчера (02.10.2019 година) беше домаќин на регионална работилница за олеснување на трговијата и хармонизирање на документите.