Откако во 2016 година Царинската управа на Република Македонија оствари највисок приход во своето 25 годишно постоење како независен државен орган,  и во 2017 година го задржа трендот на успешна наплата на давачки во своја надлежност, а тоа се: давачки при увоз (царина, данок на додадена вредност, акцизи и надоместоци) и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет.

Имено, во првите 5 месеци од 2017 година остварени се приходи во износ од 30,5 милијарди денари, што претставува за 9,6% повеќе од истиот период во 2016 година.

Износот на наплатени давачки по видови за период 01.01 - 31.05.2017 година, изнесува:

- ДДВ: 18,2 милијарди денари, што претставува за 13%, односно за 2,1 милијарди денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година;

-Царина: 2,1 милијарди денари, што претставува за 9,2%, односно за 170 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година;

-Акцизи: 9,9 милијарди денари, што претставува за 4,2%, односно за 400 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и

-Надоместоци: 250 милиони денари, што претставува за 5,7%, односно за 15 милиони денари помалку од наплатените во истиот период во 2016 година.

Царинската управа на Република Македонија очекува да го исполни и да го надмине планот за наплата на давачки за 2017 година.