Во текот на минатите две седмици царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, тутун, автогуми, графички картички за компјутери, свежа риба и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 186 рачни часовници и 100 парчиња кутии за рачни часовници, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе бидат отпочнатаи постапки за утврдување на нивната оригиналност.
Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 910 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.

Гуми за патнички автомобили

- 492 употребувани надворешни гуми за патнички возила, откриени во царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока декларирана како гуми за автомобили, пријавени за царинско складирање од страна на фирма од Гевгелија. При физичка контрола на стоката било утврдено дека се работи за употребувани гуми, за кои согласно законските прописи е потребно Одобрение за транзит на неопасен отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради тоа што увоникот не поседувал такво одобрение, гумите се привремено здржани, а на увозникот му е дадено време од 8 дена да ја комплетира потребната документација за транзит на стоката. Истовремено, царинската испостава изготви Записник за мерки на трговска политика и Записник за царински прекршок.

Свежа рибa

- 37,40 килограми свежа риба, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавената риба, пронајдена во седум најлонски кеси, сместени во просторот за резервна гума на возилото, е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови за компјутери

- 24 графички картички, откриени на скопскот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонска државјанка, која допатувала со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патничката е поведена прекршочна постапка.


Цигари и тутун

- 3 штеки цигари без акцизни маркички и 300 грама тутун, откриени при контрола на грчки автомобил управуван од грчка државјанка, пријавени за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени под совозачкото седиште и во ташната на возачот, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Измама

Во царинска испостава Кавадарци е откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно декларирање на потекло на стоката.
Во текот на февруари 2017 година, увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење делови за автопумпа, при што приложил уверение за движење ЕУР1, како доказ за европско потекло на стоката со цел добивање на преференцијален статус на стоката и царинење со повластена царинска стапка од 0%.
При физичкиот преглед на стоката, на амбалажата било забележано дека потеклото на стоката е различно од декларираното, поради што доказот за потекло бил испратен на дополнителна проверка. Според одговорот добиен од царинската администрација на Република Албанија, дел од производите опфатени со уверението за движење не ги исполнувале условите за стекнување на префернцијално потекло, врз основа на што биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 39 илјади денари.

 

 

Cigari, tutun, Medzitlija
Cigari, tutun, Medzitlija
Graficki karicki,AerodromSK
Graficki karicki,AerodromSK
Izmama,Kavadarci
Izmama,Kavadarci
Svezariba,Kjafasan
Svezariba,Kjafasan
Previous Next Play Pause
1 2 3 4