Во текот на минатите две седмици е откриен еден обид за криумчарење марихуана и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, дрон, детектор за метали и употребувани машини за обработка на дрво. 

Задржана е следната стока:

Марихуана

- 22 грама марихуана, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возилото, кое во попладенвните часови на 08.09.2017 година се пријавило за излез од државата, било селектирано за контрола со царинско куче. При контролата на возилото, над металната изолација на издувната цевка, била пронајдена најлонска кеса со зелена тревкаста материја, а по извршено вештачење во Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, утврдено е дека се работи за марихуана.

Царинската управа против осомничениот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение дека  сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, лицето е

предадено во Основниот суд Куманово, а судијата на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Девизи

- 4.000 евра, откриени при контрола на германски автомобил и личен претрес на возачот, македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Возачот пријавил дека носи 3.000 евра, што биле пронајдени кај него при личниот претрес, но при контрола на возилото, во паричник сместен во преграда под потпирачот за раце меѓу предните седишта, биле пронајдени уште 3.000 евра. Возачот не поседувал документ за потекло на парите, поради што, согласно законските прописи,  му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 4.000 евра биле привремено здржани. За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.

Детектор за метали,  дрон и електрични машини

- 1 метал детектор MINELAB CTX3030, откриен на  скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на  македонски државјанин, кој допатувал со лет од Гетеборг. Непријавениот производ е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 1 употребуван дрон и 2 употребувани електрични машини за обработка на дрво, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во мал куфер, сместен во багажникот помеѓу останатите патни торби, бил пронајден дрон марка YUNTEC Q500 4K. 

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во две пластични вреќи, сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 1 употребувана електрична кружна пила HANSEATIC HSBS350 и 1 употребуван електричен струг за дрво EINHELL EHM 1300.

Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

 

Devizi,Tabanovce
Devizi,Tabanovce
Dron,Tabanovce
Dron,Tabanovce
Marihuana,mobilna
Marihuana,mobilna
marihuana
marihuana
Masini-za-drvo,Tabanovce
Masini-za-drvo,Tabanovce
Metal-detektor,Aerodrom SK
Metal-detektor,Aerodrom SK
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6