Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Тансоски, денес (12.09.2017 година) оствари работна средба со претставници од Tекстилен кластер, предводени од Маријана Перковска – претседател и Наташа Сивевска - извршен дирекотор на Текстилниот кластер. 

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во своето работење, како и за можностите за подобра примена на царинските постапки и регулатива во насока на олеснување на работењето на текстилниот кластер.

Во оваа прилика се дискутираше и за продолжување на соработката и партнерството, како и за потребата од преземање на мерки за надминување на отворените прашања и проблеми.

tekstilenklasterf