Во период од 2 до 5 октомври 2017 година, претставници од Царинската администрација на Црна Гора престојуваат во работна посета на Царинската управа на Република Македонија. Работната посета, која се реализира на иницијатива на Царинската администрација на Црна Гора, е од областа на акцизното работење. 

За време на работната посета, царинските службеници од Црна Гора ќе имаат можност да се здобијат со досегашното искуство на Царинската управа на Република Македонија од областа на акцизното работење, која во 2010 година од Управата за јавни приходи целосно го презеде управувањето со акцизите, при увоз и во внатрешниот промет. 

На првичниот состанок кој се одржа во просториите на Царинската управа, се обрати директорот г-дин Ѓоко Танасоски кој ги поздрави претставниците од црногорската царина и истакна дека на Царинската управа на Република Македонија и претставува чест и задоволство да го сподели знаењето и искуството во оваа област нагласувајќи дека само со взаемна соработка ќе можеме да одговориме  на развојот и предизвиците со кои се соочуваме во секојдневното работење.

Очекуваме целите на оваа работна посета да бидат остварени  и  да резултираат со успешни и конкретни предлози за понатамошно унапредување на соработка  на нови проекти и предизвици кои ќе бидат од голема корист за двете царински служби.

 

rab poseta 2
rab poseta 2
rab poseta crna gora
rab poseta crna gora
Previous Next Play Pause
1 2