Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, одржа состанок со  г- дин Владимир Пивоваров, национален координатор  на Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ), тело на Владата на Република Македонија задолжено за координација и соработка со институциите и телата кои имаат надлежност на државната граница.

На состанокот што се одржа денес (19.10.2017 година), во просториите на Царинска управа, присутните подетално се запознаа со  идните планови за работа и развој  на НКЦГУ и изразија подготвеност за спроведување на заложбите на ЕУ за целосно воспоставување на системот на координација и соработка помеѓу институциите надлежни за контрола и надзор на државната граница .

Претставниците од двете институции истакнаа дека интензивно ќе соработуваат на сите нивоа, со цел обезбедување на непречен проток на луѓе и стока преку границите на Република Македонија од една страна и спречување на секаков вид на организиран криминал и други нелегални активности со кои се нарушува мирот, безбедноста, легалната трговија, стабилноста, како и целосно функционирање на позитивните законски одредби.

 

2.SostanokNKCGU
2.SostanokNKCGU
3 SostanokNKCGU
3 SostanokNKCGU
Previous Next Play Pause
1 2