Заменик директорот на Царинската управа, г-дин Лавдрим Велиу и вд Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азиз Положани денеска (9.11.2017 година) потпишаа Меморандум за соработка меѓу Царинската управа и Универзитет „Мајка Тереза“.

Овој Меморандум ја изразува намерата на страните потписнички за меѓусебна соработка и заедничката цел за воспоставување на долгорочна соработка на полето на техниката, образованието и науката преку организирање и изведување на практична настава за студентите на Универзитетот во рамките на неговата дејност и научните истражувања од областа на царинското работење.

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Универзитетот „Мајка Тереза“ изразија волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош. Заедничките активностите врз основа на потпишаниот Меморандум ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на меморандумот.

 

IMG_9291
IMG_9291
IMG_9292
IMG_9292
Previous Next Play Pause
1 2