Тричлена делегација на Царинската управа, предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, учествуваше на 30-от состанок на Мешовитата Комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднички транзит и поедноставување на формалностите при трговија со стока, што се одржа денес  (05.12.2017 година) во Осло - Норвешка.

Состанокот кој беше фокусиран на одлуките и измените на Конвенцијата за заеднички транзит и ЕЦД и на процедуралните правила на Комисијата, беше искористен и за средба со директорот на Царинската служба на Норвешка, г-дин Јистајн Бормер, на која беа разменети мислења за актуелните прашања од доменот на царинско работење и сегашните и идни заеднички предизвици, за кои постои споделен интерес за соработка и билатерална помош.

 

4.OSLO
4.OSLO
5.OSLO
5.OSLO
Previous Next Play Pause
1 2