Од 1 јануари 2018 година започнуваат да се применуваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) и Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година).

Со измените и дополнувањето во Законот за акцизите се зголемува акцизата на гасното масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 за 3 денари. Износот на акциза за намена за погонско гориво ќе изнесува 15,121 денари, а како гориво за греење 6,136 денари.

Трговецот на големо и трговецот на мало на минерални масла се должни на 01.01.2018 година да направат попис на затечените залихи на минералните масла, да подготват записник за извршениот попис и да го поднесат до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис.

Плаќањето на разликата во акцизата од страна на акцизните обврзници се врши со поднесување на акцизна пријава АКЦ-ДАММ најдоцна во рок од 30 дена од денот на зголемување на акцизата.

За водење на евиденции потребни се следните податоци:

  • попис на затечени залихи на минерални масла во склад за трговија на големо, одделно по вид и количина во резервоарите, вклучително и затечените количини во транспортните средства – цистерни и
  • попис на затечени залихи на минерални масла во бензинските станици за малопродажба одделно по вид и количина за секој резервоар поединечно, вклучително и затечените количини во транспортните средства – цистерни.

За неизполнување на обврските се пропишани и прекршочни одредби, и тоа глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на даночниот обврзник правно лице и трговец поединец ако не направи попис и не подготви записник на затечени залихи на минерални масла на 01 јануари 2018 година и не го достави во рок од пет работни дена до Царинската управа, како и ако не поднесе акцизна пријава и не ја плати  разликата во акцизата, при зголемување на акцизата на минерални масла.

Доплатата на акцизата да се изврши на следните сметки:

  • За еуродизел БС (Д-Е В), односно гасно масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 кои се употребува како погонско гориво - НБРМ Трезорска сметка 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840-XXX-02970, приходна шифра 714266 и
  • За гасно масло - гориво за греење ЕЛ-1 (црвена нафта), односно гасно масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 кое се употребува како гориво за греење - НБРМ Трезорска сметка 100 000 000 063 095, уплатна сметка 840-XXX-02939, приходна шифра 714263.

Пријава АКЦ-ДАММ

Закон за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година)

Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година)