На 27.12.2017 година во просториите на Царинската управа се оствари билатерална средба  на тема ,,Регионална соработка на полето на контрола на извоз на стратешки стоки” помеѓу претставниците на Комисијата за контрола на трговијата со стратешки стоки на Република Косово и претставници на Царинската управа на Република Македонија.

На состанокот беа презентирани надлежностите на Царинската управа во областа на контрола на стоките и технологиите за двојна употреба и областа на вооружувањето и воената опрема и надлежностите на Комисијата за контрола на трговијата со стратешки стоки на Република Косово. Исто така, се дискутираше за процедурите за размена на информации, за електронските системи на издавање на дозволи и за праксата во идентификувањето на стратешките стоки.

На барање на претставниците на Комисијата за контрола на трговијата со стратешки стоки на Косово, на средбата беше презентиран Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM, преку кој се овозможува поднесување на електронско барање како и електронско издавање на дозволи. Посочено беше и дека преку EXIM увозниците имаат можност електронски да поднесуваат и барања за распределба на тарифните квоти достапни согласно трговските договори склучени од страна на Република Македонија. 

Претставниците на двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и размена на искуства што ќе биде од полза за двете страни.

 

bilateralna sredba 27.12.2017
bilateralna sredba 27.12.2017
Previous Next Play Pause
1