Во текот на последните две недели од 2017 година царинските службеници спречија два обиди за криумчарење дрога. 

Во првиот случај, царинските службеници од граничниот премин Блато спречија обид за криумчарење марихуана.

На ден 18.12.2017 година, околу 19 часот, за влез во државата се пријавил албански автомобил, марка Mercedes, со кој патувале двајца албански државјани. На прашање на царинскиот службеник, патниците одговориле дека немаат ништо за пријавување за царинска контрола, но при прегледот на багажникот на возилото, во делот за резервна гума, царинскиот службеник забележал црна кеса облепена со леплива лента. Во моментот кога царинскиот службеник се упатил да побара асистенција за детална контрола на возилото од полициските службеници на граничниот премин, сопатникот во возилото ја грабнал кесата и избегал во непознат правец. При понатамошен преглед на возилото, под совозачкото седиште биле пронајдени 2 грама растителна материја,  а подоцна, при испитување на теренот околу граничниот премин, полициските службеници пронашле ќеса, која содржела околу 1 килограм растителна материја. При тестирање на пронајдената растителна материја, тестерот за наркотици покажал присуство на наркотична дрога – марихуана. Возачот на возилото и дрогата биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Во вториот случај, мобилните царински тимови во соработка со инспектори од Министерството за внатрешни работи, запленија 5 таблети екстази, откриени при контрола на  бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се движел на патниот правец Крива Паланка – Куманово. Контролата била извршена во царинскиот магацин на Детоил, во близина на Куманово, при што под патосницата пред возачкото седиште било опронајдено пластично кесиче со 5 розеви таблети, за кои по извршено тестирање со тестер за дрога, добиени се индикации дека се работи за наркотичка дрога екстази. Лицето и дрогата се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. 

Покрај тоа откриени се и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани лекови, облека, автоделови, фалсификати, уметнички слики и алати.

Задржана е следната стока:

Облека, обувки, автоделови и фалсификати

- 48.352 парчиња разна стока кои не биле опфатени со царинската декларација (автоделови, облека, обувки, паричници, запалки, пенкала, бричеви и друго) со вкупна вредност од над 1 милион денари, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4. Непријавената стока е привремено задржана, а против увозникот ќе биде поднесена кривична пријава поради сомневање дека е сторено кривично дело „Царинска измама“.

Покрај тоа во делот од стоката која била легално пријавена биле пронајдени 342 парчиња облека (блузи, џемпери, капи, шалови, тренерки и долна облека) со ознаки на заштитени трговски марки. Сомнителните производи се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 13 машки јакни, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените јакни, пронајдени под совозачкото седиште и во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Лекови

- 923 кутии со разни лекови наменети за македонскиот пазар (Sintrom 4mg,  Lorsilan 2,5gr,  Pentoksifilin 5ml, Parsedil 75mg, Torecan 6.5 mg,  Keltican forte 5,3mg,  Fluzepam 30mg,  Vitamin B12 1ml и  Adrenaline 1ml), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Белград, извршена на железничката станица Табановце. Лековите биле пронајдени во 5 картонски кутии обвиткани со најлонска кеса, сокриени во делот наменет за филтер за воздух на еден од вагоните. Истите се привремено задржани а против одговорното лице на македонски железници ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 135 таблети и 204 инекции од разни лекови (EMEND, CETROTIDE 0.25 mg, METHOTREXATE 50mg/5ml, MENOPUR 75IU, GONAL 75 IU, FOSTIMON 75 IU и VIREAD 245 mg), откриени при контрола на турски автобус, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин ДевеБаир. Непријавените лекови, пронајдени во ранец, картонска кутија и патна торба, сопственост на патник со косовско државјанство, се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Уметнички слики, алати, автомобилски гуми и делови за базени

- 7 уметнички слики, 1 моторна косилка, 8 употребувани електрични алати (циркулари, убодни пили, стругови и брусилки), 2 употребувани акумулатори, рачен нож, 64 затегнувачи за товар и 6 делови за базен (релаксатори и перничиња), откриени при контрола на товарно возило со македонски влекач и бугарска приколка, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи биле пронајдени во внатрешноста на контејнер со употребуван генератор со потекло од Шведска и во кабината на влекач со бугарски таблички кои биле натоварени на приколката и легално пријавени на царинскиот орган. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена соодветна постапка.

- 670 камења за брусење на метал марка PROMAT,  3 пиштоли за аргонско заварување марка ERGOLIN и 10 сајли за пиштол за аргонско заварување марка TBI, откриени при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на автобусот, се привремено задржани а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поведена прекршочна постапка.

- 8 употребувани автомобилски гуми со бандажи, откриени при контрола на празен бугарски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во товарниот дел и во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

- 13 машки јакни, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените јакни, пронајдени под совозачкото седиште и во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е повдена прекршочна постапка.