Царинската управа во насока на обезбедување на одржлив систем на учење за вработените постојано инвестира во развојот на обучувачки вештини кај вработените. Пренесувањето на знаењето, праксите и градење на капацитетите претставува особена гордост како за Царинската управа, така и за обучените обучувачи.

Во периодот од 26 и 27 март оваа година царински службеници имаа чест да одржат обука за ракување со специфична опрема за колегите од царинската администрација на Косово. Обуката се реализираше со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност. За својот труд обучувачите беа одликувани со Благодарница и значка од Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност.

Овие обуки и во иднина ќе претставуваат предизвик и мотив за градење на компетентни и професионални царински службеници не само во рамки на Царинската управа, туку и пошироко.