Царинската управа на Република Македонија во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија и оваа година ја реализира традиционалната крводарителска акција, во рамки на програмата за општествена одговорност при одбележување на Царинскиот празник - 14 Април.

Kрводарителска акција под мотото „Вашата крв спасува живот“ се одржува денес (13.04.2018 година) во просториите на Царинската управа како и во неколку пункта во центрите за дарување крв низ цела  Македонија.

Вработените во Царинската управа покажаа голема хуманост и свест за значењето на крводарувањето. Во акцијата околу 130 вработени даруваа крв, при што се собрани исто толку единици крв.

Републичкиот завод за трансфузиологија го поздрави големиот интерес на царинските службеници за крводарување и покажаната желба да се учествува во спасување на животите на луѓето на кои им е неопходна драгоцената течност. 

 

1
1
2
2
4
4
7
7
8
8
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5