Царинската управа на Република Македонија, го одбележа 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост, преку активности дел од кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“

Кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“ започна да се спроведува на 5 април 2018 година, како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа. Кампањата стартуваше во трговскиот центар Сити Мол каде беше поставен штанд на кој беа изложени примероци од запленети фалсификати, а по повод 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост, со штетните последици кои може да ги предизвикаат фалсификатите се запознаа и учениците од СУГС ,, Јосип Броз Тито" од Скопје.

Имено, вчера (26.04.2018 година) во просториите на училиштето изложени беа примероци од запленети фалсификувани производи, а на учениците им се делеа информативни брошури и истите во разговор со царинските службеници имаа можност покрај информации за опасноста од употребата на фалсификати,  да се информираат и за се што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите и за тоа како најлесно може да ги препознаат фалсификуваните производи.

Оваа кампања е фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие преставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

Kampanja IPR
Kampanja IPR
IPR kampanja 1
IPR kampanja 1
IPR Kampanja
IPR Kampanja
Kampanja IPR 1
Kampanja IPR 1
Previous Next Play Pause
1 2 3 4