Во рамки на Летната програма за посета на најголемите извозници, претставници на Царинската управа предводени од директорот г-дин Ѓоко Танасоски, на 20 јули 2018 година, ја посетија компанијата Алкалоид АД – Скопје.

За време на посетата генералниот директор на Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов, ги презентираше развојните и извозните капацитети на компанијата. Исто така, се дискутираше и за продлабочување на соработката меѓу Царината и деловната заедница, особено од аспект на користење на дигиталната технологија и безхартиената околина во глобалните синџири на снабдување, промовирање на поедноставените царински постапки, нови форми на царински и даночни олеснувања и регионалната економска соработка. 

Царинската управа во изминатава година беше и ќе биде партнер на компаниите во нивното работење и во промовирање на производството и извозот.

 

Alkaloid 1
Alkaloid 1
Alkaloid 2
Alkaloid 2
Alkaloid 3
Alkaloid 3
Alkaloid 4
Alkaloid 4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4