Денес (24 октомври), во присуство на  претставници на компании членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, беа промовирани предностите и придобивките од примената на концептот на Овластен економски оператор.

Тема на средбата, организирана во соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Царинската управа, беше „Овластен економски оператор – нов тренд во царинското работење, предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење“. Учесниците имаа можност да слушнат дека концептот на Овластен економски оператор (ОЕО) е еден од признаените и ефикасни инструменти за олеснување на трговијата и дека сегашните национални законски прописи за негова примена се целосно усогласени со прописите на Царинскиот закон на Европската унија. 

На настанот воведно обраќање имаа директорот на Царинска управа на Република Македонија г-дин Ѓоко Танасоски  и претседателот  на Сојузот на стопанските комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска.

Поволностите што ќе ги уживаат компаниите што ќе се здобијат со статусот на Овластен економски оператор се: намален број на проверки на документи и контрола на стоките, доставување на „претходни информации пред поднесувањето на царинската декларација“што овозможува пуштање на стоката во слободен промет пред плаќањето на царинските и увозните давачки, како и можност за периодично поднесување на царинската декларација.

Царинската  управа на Република Македонија свесна за значењето на концептот ОЕО, како и за можностите кои тој ги нуди за економските оператори, ќе продолжи со заложби за понатамошен развој на концептот, промовирање на истиот пред деловната заедница како и обезбедување помош и поддршка за сите заинтересирани оператори од една страна, и воедно развој и унапредување на самата царинска служба при спроведување на надлежностите поврзани со концептот ОЕО.

 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2