Царинската управа продолжува со активностите за ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). 

Овој систем овозможува поднесување и обработка на електронски царински декларации и акцизни докуменити и тоа:

Преку веб портал, со внесување на декларацијата во веб форма овозможена од Царинската управа и

Систем кон систем комуникација со примена на веб сервиси.

Заради дополнителни објаснувања за софтверските компании кои работат на решенија за систем кон систем комуникација со СОЦДАД, Царинската управа, на 14 декември 2018 година, одржа работен состанок со сите заинтересирани економски оператори. 

На состанокот беше презентирана тековната состојба и плановите на Царинската управа за ставање во функција на СОЦДАД. Царинската управа побара од софтверските компании да предложат дополнување на веќе објавената документација на интернет страната, доколку е потребно за нивниот развој на софтвер.

Присутните беа информирани дека Царинската управа планира да започне пилот проект за имплементација на СОЦДАД на почеток од февруари 2019 година, во одредени царински испостави. Целосното ставање во продукција на сите модули од системот е планирано за 1 јуни 2019 година.

Состаноците со софтверските фирми и со економските оператори, кои се вклучени во спроведување на царинските постапки, ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период.