Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), на 04 февруари 2019 година ќе започне реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.

Целта на Пилот проектот е да се констатираат можните проблеми при активна работа во системот СОЦДАД  и истите да бидат навремено отстранети пред финалното пуштање на системот во употреба, коешто е планирано за 1 јуни 2019 година.

Пилот проекот ќе се спроведува на така што сите декларации коишто се обработуваат во системот АСИКУДА, ќе бидат поднесени (од страна на економските оператори) и обработени (од страна на царинските службеници) и во СОЦДАД во пилот испоставите.

Тимот за поддршка на Пилот проектот на Царинска управа, кој неуморно работи како во текот на периодот на развој, така и во периодот на подготовка за ставање на системот во функција, веќе одржа консултативни состаноци и обуки за запознавање со функционалностите на новиот систем со царинските службеници, представници на бизнис заедницата – економските оператори, застапници и компании за развивање на софтвер. 

Како потсетување, на 16 ноември 2018 година во Царинската управа беше финализиран развојот на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе го замени системот АСИКУДА кој сега се користи. Со тоа, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки, 

Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенции и за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера.