Денес (06.03.2019 година) во просториите на Царинска управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа Ѓоко  Танасоски и Виорел Станила, амбасадор на Романија.

Во рамки на романското претседателство со ЕУ на средбата со Амбасадорот на Романија, се дискутираше за приоритетите на романското претседателаство и поголемо вклучување на царинската соработка во Регионалната економска областа во ЦЕФТА. Заедничките гранични царински испостави, размената на информации и борбата против корупцијата се едни од важните приоритети на кои Царинската управа во иднина ќе работи заеднички со колегите од ЕУ. 

 

53161755_1636557209823125_8625134052308942848_n
53161755_1636557209823125_8625134052308942848_n
53274818_2787970391428207_674987525411962880_n
53274818_2787970391428207_674987525411962880_n
Previous Next Play Pause
1 2