Денеска се промовираше работата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поточно се направи своевидна евалуација на досегашното функционорање на ова меѓуинституционално тело, составено од претставници на институциите во чија надлежност е борбата против сериозниот и организиран криминал. 

Иако центарот е формиран во 2014 година, сѐ до септември 2017 година не беа превземени никакви активности за негова реализација и операционализација. 

Со превземањето на повеќе мерки и активности согласно изготвен Акционен план, во кои се вклучени Царинската управа, МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за Финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство, обезбедени се просторни, административни и материјално-технички услови Центарот да стане оперативен. 

Со операционализацијата на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал се оствари и еден од приоритетите кој беше утврден во Реформскиот План на Владата “3-6-9“, а неговата работа преку изготвување на квартални анализи на работа постојано се следи во рамки на “Планот 18“.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4