Согласно последното Известување број 11-1018/1 од 13.05.2019 година доставено од страна на Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа е информирана дека последната Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, бр 02-896/1 од 30.04.2019 година, донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, престанува да важи по 23,59 часот на 13.05.2019 година.

Специфичните акцизи кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот за акцизите (“Службен весник на РМ” бр. 32/2001 , 50/2001, 52/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004, 38/2005, 88/2008, 105/2009, 34/10, 24/11, 55/11, 135/11, 82/13, 98/13, 43/14, 167/14, 188/14, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 171/17 и 120/ 18), почнувајќи од 00:01 часот на 14.05.2019 година ќе бидат во износ согласно одредбите од Законот за акцизи.

Во оваа насока се известуваат софтверските компании дека треба да ги усогласат апликативните програми за царинско работење на царинските застапници согласно претходно договорениот начин на функционирање, а за кое претходно е добиена потврда дека прилагодувањето може да се изврши во насока на користење на екрани за внес на давачките (основица, стапка и износ) кои корисникот треба да ги  внесе.

За потсетување, законски пропишаните износи на акциза за одделни нафтени деривати се пропишани согласно член 28 став (1) од законот за Акцизи, при што истите изнесуваат:

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  95                                   21,692  ден./литар

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  98                                   21,692  ден./литар

Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                                   15,121  ден./литар

Масло за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                                  6,136  ден./литар

Исто така, Надоместоците кои се плаќаат при увоз од страна на економските оператори изнесуваат:

Надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати F95

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  95                                  0,890  ден./литар

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  98                                  0,890  ден./литар

Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                                   0,300  ден./литар

Масло за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                                0,300  ден./литар

Надоместокот за финансирање на активностите од областа на животната средина F30

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  95                                  0,080  ден./литар

Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  98                                  0,080  ден./литар

Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                                  0,030  ден./литар

Масло за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                                0,040  ден./литар

Се молат сите вклучени економски оператори во постапките на увозно царинење на одделени нафтени деривати да ги имаат во предвид овие информации, а по потреба да ги консултираат надлежните царински испостави и по потреба за технички прашања службениците од Секторот за ИКТ при Царинската управа.

Внес на давачки во Asycuda