Светката Банка, ИФЦ и Министерството за финансии на Австрија во периодот 22-23.05.2019 организираа регионална работилница за олеснување на трговијата и подобрување на соработка со граничните агенции и приватниот сектор.

Покрај директорот на Царинската управа на работлницата учествуваа и претставници на Агенцијата за храна и ветерина, Државниот инспекторат за земјоделство, Министерството за економија. Целта беше како да се координира новата помош од Светска банка и ИФЦ во насока на поедностување и забрзување на царинската постапка и минувањето на границите, како и целосна примена на одредбите на Договорот за олеснување на трговијата на СТО.

Директорот на Царинската управа, во рамки на посетата оствари билатерлна средба со генералниот директор на Царинската управа на Австрија и претставници на Министерството за финансии на Австрија.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4