Царинска управа информира за Одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени согласно Методологијата, донесена на седница на Регулаторната комисија за енергетика  и водни услуги на Република Северна  Македонија на ден 27.05.2019 година, со примена од  00:01 часот  на 28.05.2019  година, за  Ваше запознавање и натамошно постапување 

Софтверските компании се известуваат дека треба да ги усогласат апликативните програми за царинско работење на царинските застапници согласно претходно договорениот начин на функционирање, а за кое претходно е добиена потврда дека прилагодувањето може да се изврши во насока на користење на екрани за внес на давачките (основица, стапка и износ) кои корисникот треба да ги  внесе.

Економските оператори и царинските застапници при пресметките на износите за акциза и надоместоците, треба да ги користат износите наведени во член 5, 6 и 7 од Одлуката за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната Комисија објавена на нивната веб страна.

линк до одлуката