30 мај 2019, Скопје - Република Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Меморандум за размена на информации и знаења за сузбивање на даночни и царински кривични дела и перење пари помеѓу двете земји. Потписници на Меморандумот се Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Северна Македонија и неговите управи, односно: УЈП, Царинска Управа, Финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.

 

 

Министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека земјата, за првпат, има Стратегија за формализација на неформалната економија и истакна дека Обединетото Кралство дава голема поддршка за реформските процеси во Министерството за финансии и Управите. Тој рече дека еден од приоритетите на Владата е сузбивање на неформалната економија и корупцијата, а потпишаниот меморандум ќе даде придонес во тоа.

Директорот на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство Ендру Павлинич посочи на барање на директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија - Танасоски, Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство поддржала иницијатива за размена на податоци помеѓу царинските управи на Северна Македонија, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, согласно системот на Светската Царинска Организација.

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Рејчел Галовеј истакна дека Обединетото Кралство инвестира во развој на капацитетите во регионот на Западен Балкан. Таа посочи дека треба да работиме заедно во сузбивање на прекуграничниот криминал. Галовеј рече дека соработката помеѓу властите и царинските управи е клучна во развојот на здраво и стабилно партнерство, кое ќе придонесе за поголема сигурност и просперитет.

Директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски рече дека последните две години се интензивира соработката со Царинските органи на Обединетото кралствово насока кон: подобрување на постојните и примената на нови техники на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, забрзување на царинските постапки и трговијата воопшто. Во рамки на соработката со Обединетото кралство направени се напредни обуки од областа на контролите, истрагите и разузнавањето, а донирана е и специфична опрема за преглед и откривање на царинските прекршоци, рече Танасоски.

Свое обраќање имаше и директорката на Управата за Јавни приходи Сања Лукаревска и изјави дека Управата за јавни приходи спроведува повеќе мерки за спречување на одлив на средства од буџетот. 

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов посочи дека перењето пари и финансирањето тероризам се едни од најкомплексните кривични дела за докажување. Тој посочи дека за големи предмети со големи суми каде што се вклучени меѓународни криминални групи, без помош од државите како што е Велика Британија, која има развиена финансиско разузнавачка мрежа, ние како држава не би можеле да собереме квалитетни докази за да го докажеме перењето пари и финансирањето тероризам.

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми рече дека Управата со воведувањето на новото кривично дело „Даночна измама“ се подготвува за превенирање и спречување на даночните затајувања и даночните измами особено со влезот на Република Северна Македонија во Европската унија кога ќе се врши и враќање на данок на додадена вредност со употреба на фактури за набавени стоки и услуги од земји на Европската унија. Тој посочи дека Управата за финансиска полиција во последниве две години засилено работи на продлабочување на на меѓуресорската координација во државата но и на унапредување на меѓународната соработка.

 

VIK_0064
VIK_0064
VIK_0110
VIK_0110
VIK_0141
VIK_0141
Previous Next Play Pause
1 2 3