На 11 јуни 2019 година, директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваше на четвртиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Приштина, Косово.

На состанокот, кој е продолжение на третиот неформален регионален состанок, што се одржа во Подгорица во јануари 2019 година, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.

За време на состанокот се разгледа напредокот во реализацијата на Заклучоци донесени на минатиот регионален состанок на директорите на царините, во врска со законските аспекти за дефинирање на рамка за безбедна размена на информации според усогласени стандарди и методи, во областа на соработката за размена на информации во борбата против прекуграничниот и организираниот криминал.

Покрај разгледувањето на напредокот во реализација на Заклучоците од состанокот во Подгорица, се дискутираше и за подготовка на заеднички пристап (проекти) на Царинските служби од регионот со цел олеснување на трговијата, унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4