Делегација на Царинската управа на Република Хрватска, предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии, г-дин Хрвоје Човиќ на 12 јуни 2019 година, престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата се одржа работилница и консултации за искуствата на царината на Република Хрватска за процесот на прилагодување и примена на националното царинско законодавство со истото на Европска унија во процесот на пристапувањето кон ЕУ, како и примената поедноставувања во царинската постапка.

Директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, го истакна задоволството од воспоставената соработка, нејзината навремена и конкретна реализација во повеќе области од работењето, а особено е од големо значење поддршката од хрватската царина како стратешки партнер и близок соработник.

На работната средба претставниците на двете царински служби ги договорија начините на идна соработка во домените во кои Царинската управа на Република Северна Македонија би сакала да ја има Царината на Хрватска како партнер.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7