Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес (11.09.2019 година), директорот на Царинска управа г Ѓоко Танасоски оствари средби со претставници на Сојуз на Стопански комори, како  и со претставници на членките на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Тема на средбата со членките на Сојуз на Стопански комори беше олеснувањето на царинските постапки за брз проток на граничните премини. На настанот обраќање имаше потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулебанова, која истакна дека ова повисоко ниво на соработка ќе доведе до засилено темпо на доверба и ќе се обезбеди партнерство на долг рок, што ќе има значително влијание врз економскиот просперитет. 

Директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски  посочи дека  целта ни е да создадеме институција која е партнерски ориентирана кон деловната заедница. Тука, пред сè, мислам на поврзаност со економските оператори, царинските застапници, агенциите и службите присутни на граница, соседните царински служби. Подобрувањето на поврзаноста треба да придонесе кон значително подобрување и усовршување на работата на Царинската управа, што треба да го направиме во тесна соработка со деловната заедница, што за крајна цел треба да придонесе кон подобрување на економската конкурентност на нашата економија, изјави Танасоски.

На средбата со  претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија тема на дискусија беше воведувањето на концептот Овластен економски оператор (ОЕО). На оваа средба, директорот на Царинската управа зборуваше за новиот тренд во царинското работење - Овластениот економски оператор, како и за предизвици, искуства и поедноставување на царинското работење. Исто така присутните беа запознаени со тоа што претставува ОЕО и што е разликата помеѓу ОЕО и поедноставувањата во царинската постапка. Концептот на ОЕО се заснова на партнерството помеѓу Царината и деловната заедница, што е воведен од Светската царинска организација и прифатен во дополнителниот протокол 5 со што се измени ЦЕФТА Договорот. Директорот истакна и дека статусот на ОЕО е меѓународно призната марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. 

Царинската управа и во иднина ќе настојува да се организираат настани од ваков тип, со цел да се олеснат царинските постапки, да се забрза протокот на стоки, да се зголеми глобалната трговија и економскиот развој, потребна е постојана соработка помеѓу Царината и деловната заедница. Ваквата соработка истовремено ќе придонесе и до елиминирање на корупцијата која е пречка за развој на бизнисот во државата. 

70526733_2388329131215357_1824009264138551296_o
70526733_2388329131215357_1824009264138551296_o
Image-1 (12)
Image-1 (12)
Image-1 (13)
Image-1 (13)
Image-1 (14)
Image-1 (14)
Image-1 (15)
Image-1 (15)
Image-1 (16)
Image-1 (16)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6