Царинската управа зеде учество на регионалниот В2В настан кој за првпат како таков се одржува во земјата, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија и со поддршка на УСАИД преку проектот „Создавање на работни можности за ММСП во Северна Македонија“, или поточно како дел од втората активност на проектот-Пристап до пазарите на бизнисите на СКСЗМ. Вклучени се три земји-Република Северна Македонија, Република Косово и Република Албанија.

Во првиот дел насловен „Економски форум“ на кој учествуваа Ѓоко Танасоски директор на Царинската управа на РСМ, Арлинд Ѓокута - директор на Царинската управа на Албанија, Бахри Бериша директор на Царинската управа на Косово и Ѓерѓ Мура директор на Western Balkan Fund.  Во овој дел се дискутираше за можностите за регионална соработка меѓу бизнисите.  Дискусиите беа фокусирани на два разграничени панели:  „Олеснување на трговијата преку институционална соработка меѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“ и „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап  на регионалните пазари и пошироко“.

Во своето обраќање директорот на Царинската управа управа Ѓоко Танасоски ја констатираше досегашната професионална и партнерска соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија и укажа на стратешката определба на Царинската управа за поврзаност со економските оператори, царинските затсапници, агенциите и службите присутни на граница, соседните царински служби. Постојани се заложбите за подобрување на економската конкуретност на домашната економија, што се огледаат во воведеното бесхартиено царинско работење, воведениот концепт на Овластен економски оператор, заедничките гранични контроли со Србија (One Stop Shop), тековните активности за имплементирање на Националниот дношалтерски систем.

Во вториот дел на настанот се одржаа В2В средби помеѓу поканетите компании од регионот, меѓу кои преовладуваат компании од областа на градежништво и градежни материјали, производство на храна и трговија на мало, со вклучување и на други компании со пројавен интерес. 

B2B nastan
Previous Next Play Pause
1