Во Службен весник на РСМ бр.225 од 31.10.2019 година, објавен е Закон за изменување и дополнување на законот за акцизите.

Законот за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) ќе се применува од 1 јануари 2020 година.

Имателите на акцизни дозволи, имателите на одобренија за акцизно повластено користење и регистрираните трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување должни се акцизните дозволи, одобренијата за акцизно повластено користење и регистрациите на трговци со минерални масла кои содржат материи за обележување да ги усогласат со одредбите од овој закон и да достават барање за пререгистрација до 1 јануари 2020 година.

Започнатите постапки за поднесени барања за планирање и подигање на акцизните марки до отпочнување на примената на овој закон ќе се завршат согласно Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ број 32/2001 ...120/18).

Акцизните обврзници кои до денот на отпочнување на примената на овој закон поднеле барање за планирање и подигање на акцизни марки согласно со Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ број 32/2001 ...120/18), акцизните марки можат да ги подигнат најдоцна до 31 март 2020 година.

При пререгистрација на акцизните обврзници, усогласувањето на постоечките мерни уреди кај имателите на акцизни дозволи, пропишани во членот 62 став (2), членот 64 став (2) и членот 65 став (3) од овој закон, ќе се врши во рок од една година сметано од 1 јануари 2020 година.

Економските оператори кои во големопродажни или во малопродажни објекти заклучно со 31 декември 2019 година имаат затечена залиха на непродадени количини на течност за полнење на електронски цигари согласно извршен попис можат да бидат во слободен промет необележани со акцизни марки до 31 март 2020 година.

Одредбата од членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/19) во врска член 73 став (3), ќе се применува од 1 јануари 2020 година.

 

Закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите (Сл. весник на РСМ бр.225/2019)