Царинската управа од 01.11.2019 година започна со презентации на модулите во СОЦДАД од аспект на акцизното работење. Новиот Закон за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) ќе се применува од 01 јануари 2020 година со кој паралелно ќе започне и примена на СОЦДАД во делот за акцизи. 

Во текот на месец ноември и декември 2019 година,  компаниите кои се вклучени во акцизното работење ќе можат да го користат системот во тест околина со цел запознавање на процесите паралелно со извршување на обврските пропишани со тековниот Закон за акцизите (Сл.весник на РМ бр.32/2001 ... 120/2018) кој вклучува постапување со хартиени документи.

Во истиот период Царинската управа интензивно ќе врши презентации на сите инволвирани субјекти во акцизното работење со подршка во периодот на тестирање во СОЦДАД. 

Во таа насока, на ден 01.11.2019 година во просториите на Царинската управа, во присуство на претставници од бизнис заедницата за минерални масла и пиво, беа презентирани дел од модулите во апликацијата СОЦДАД кои ги вклучуваат процесите на регистрација на национални производи, издавање на акцизна дозвола, поднесување на акцизни декларации од акцизен склад за производство, преработка и загуба на акцизни добра, акцизни декларации за плаќање на акциза за минерални масла и за пиво, како и движење на акцизни добра во Системот за движење и контрола на акцизни добра во постапка на акцизно одложување (ЕМЦС.

На 05.11.2019 година, системот ќе биде презентиран на претставници од бизнис заедницата за тутунски производи.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3