Ве информираме дека e завршена интервенцијата за миграција на EXIM системот на нова хардверска платформа и истиот е повторно во примена, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM. 

Заради тоа ви даваме насоки за постапување со дозволите издадени во хартиена форма (во резервна постапка) од другите институции корисници на  EXIM. 

Декларациите кон кои се приложени дозволи, лиценци или одобренија издадени во хартиена форма да бидат обработени, односно доведени до статус „Увезено“ или „Пуштено за извоз“ до 12 часот на 06.11.2019 година. 

Декларации кон кои се приложени дозволи издадени во електронска форма во EXIM да не се прифаќаат до 06.11.2019 година до 12 часот.

По 12 часот на 06.11.2019 година, декларантите можат да поднесуваат декларации кон кои се приложени дозволи, лиценци или одоренија издадени во електронска форма. 

Доколку декларантот поседува лиценца издадена во хартиена форма, а за истата не поднел декларација, истата не може да ја користи и треба да биде издадена во електронска форма пред поднесување на декларацијата. 

Имателите на одобенија за поедноставени постапки да поднесуваат декларации кон кои се приложен дозволи, лиценци или одоренија издадени на хартија до 11 часот.