Царинската управа продолжува со презентациите на модулите во СОЦДАД од аспект на акцизното работење. Новиот Закон за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) ќе се применува од 01 јануари 2020 година со кој паралелно ќе започне и примената на СОЦДАД во делот за акцизи.

Во текот на месец ноември и декември 2019 година,  компаниите кои се вклучени во акцизното работење ќе можат да го користат системот во тест околина со цел запознавање на процесите паралелно со извршување на обврските пропишани со тековниот Закон за акцизите (Сл.весник на РМ бр.32/2001 ... 120/2018) кој вклучува постапување со хартиени документи.

Во истиот период Царинската управа интензивно ќе врши презентации на сите инволвирани субјекти во акцизното работење со подршка во периодот на тестирање во СОЦДАД.

На ден 05.11.2019 година во просториите на Царинската управа, во присуство на претставници од бизнис заедницата за тутунски производи, беа презентирани дел од модулите во апликацијата СОЦДАД кои ги вклучуваат процесите на регистрација на национални производи, процесот на пријавување, превземање, раздолжување на акцизни марки и плаќање акциза, издавање на акцизна дозвола, како и поднесување на декларации од акцизен склад за производство, преработка и загуба на акцизни добра

На 11.11.2019 година, системот ќе биде презентиран на производители и увозници на жестоки алкохолни пијалоци.

 

IMG-7098bd70440896c5b8e3f1e7d4ec210d-V
IMG-7098bd70440896c5b8e3f1e7d4ec210d-V
Previous Next Play Pause
1