Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2019 година учествуваше на 16-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Брисел. 

 

 

Во делот на Царинската унија, во рамките на состанокот на Поткомитетот, Директорот на Царинската управа истакна дека модернизацијата и реформата на Царината и понатаму останува стратешка опрделба на Царинската управа. 

Воедно, преку концизен приказ претставниците на Европската Комисија беа информирани за напредокот на реформите помеѓу двата Поткомитети, сегашните и идни активности кои се преземаат со цел понатамошна хармонизација на законодавството и институционално зајакнување на Царинската управа, тековните иницијативи за олеснување на трговијата и продлабочувањето на регионалната соработка. 

Учесниците на состанокот беа информирани и за тековните и идни проекти поддржани од ЕУ кои се спроведуваат во континуитет, за одржувањето и развојот на информатичките системи. Царинската управа на состанокот ги претстави плановите и темите кои ќе бидат дел од Претседавањето на државата со поткомитетот на ЦЕФТА за царина и потекло во 2020 година.

 

Slika PTICO 1
Slika PTICO 1
Slika PTICO
Slika PTICO
sliki PTICO
sliki PTICO
Previous Next Play Pause
1 2 3