Денес, 03.12.2019 година, во Скопје се одржа завршен настан за Твининг проектот „Зајакнување на оперативните и институционални капацитети на Царинската управа “.

Успешниот крај на проектот кој го одбележуваме денес, а чија реализација започна во септември 2017 година, е само уште една потврда за одличната соработка помеѓу Царинските служби на Република Северна  Македонија, Република Австрија и Република Литванија, а преку несебична поддршка на Европската унија со вкупен буџет од 1.6 милиони евра.

Зголемени приходи, откривање и спречување измами преку таргетирани контроли, поедноставени и поефикасни процедури, зајакнат административен капацитет, поголема операбилност, натамошно усогласување на домашното со европското законодавство и доближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија, се дел од придобивките кои се реализираа преку четирите компоненти на твининг проектот: контрола на царинењето и ревизија, управување со ризик, обезбедување опрема за царинска лабораторија и обуки.

Царинската управа како долгогодишен корисник на ЕУ фондовите има реализирано повеќе успешни ИПА проекти, благодарение на кои се создадоа услови за дигитализација на царинското работење и обезбедување на бесхартиена околина. Денес Царинската управа поседува современ интегриран систем кој овозможува целосно електронско работење, компатибилен на системите на Европската Унија.

На настанот беа презентирани проектните резултатати од страна на проектните лидери, а свое обраќање имаа г-дин Георг Вуцас, Амбасадор на Република Австрија, г-дин Фрик Јанмат, раководител на оперативно одделение при  Делегација на Европската унија, г-ѓа Цанета Хаидрун, директор на Агенцијата за европски интеграции и економски развој на Република Австрија и  г-дин Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Република Северна Македонија. Сите  ја истакнаа значајноста на проектот и остварените резултати, постигнати благодарение на одличната соработка помеѓу Царинските служби на Република Северна  Македонија, Република Австрија и Република Литванија, како и поддршката од Европска унија и Владата на Република Северна Македонија.  

IMG_20191203_104527 (2)
IMG_20191203_104537 (2)
IMG_20191203_104549 (2)
IMG_20191203_104609 (2)
IMG_20191203_104620 (2)
IMG_20191203_104630 (2)
IMG_20191203_104644 (2)
IMG_20191203_104709 (2)
IMG_20191203_104724 (2)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9