На 18.02.2020 година, директорот на Царинската управа г.Ѓоко Танасоски оствари посета на фабриката за автомобилско делови Теламон, фабрика која произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање. 

Компанијата е една од најголемите компании во САД, а седиштето за Европа е отворено во 2018-та година во Република Северна Македонија. 

Директорот Танасоски изрази задоволство од тековното работење на компанијата и од напредокот на реализацијата на инвестицијата, притоа порачувајќи дека Владата на Република Северна Македонија е одлучна и посветена во реализирањето на економските политики кои создаваат подобра и атрактивна бизнис клима, како за домашните така и за странските компании.

Инвестицијата на Теламон носи реални продобивки за нашата економија, отвори нови работни места, овозможува пристап до напредни знаења и технологии, дава позитивен импакт на извозот и на растот на БДП. Теламон е одличен пример кој испраќа силна мотивација и за следни странски директни инвестиции во Северна Македонија, успешна компанија која покажува дека се движиме во правец на создавање на силна економија со еднакви и стимулативни шанси за сите компании. 

За време на посетата директорот Танасоски разговараше за понатамошно поедноставување на царинските постапки и почеток на примена на локално царинење во кругот на фабриката.

Директорот Танасоски го посети и производствениот погон на компанијата, при што го разгледа целокупниот производствен процес, запознавајќи се со напредните технологии кои се итегрирани во него и нивото на вештини кои се користат од страна на вработените.

IMG_7243
IMG_7243
IMG_7245
IMG_7245
IMG_7247
IMG_7247
Previous Next Play Pause
1 2 3