На 20.03.2020 на иницијатива на царинската управа како преседавач со Поткомитетот за царина и правила на потекло во рамките на ЦЕФТА, се одржа состанок преку видео конференциска врска на експерти- претставници од членките на ЦЕФТА, ЦЕФТА секретаријатот, Регионалниот совет за соработка, Заедницата за транспорт, Генералниот директорат за проширување на ЕУ и Генералниот директорат за даноци и царинска унија. Состанокот го водеше директорот на Царинската управа, и притоа ја претстави моменталната ситуација со транспортот на стоки на граничните премини, во однос на мерките кои се преземаат и процедурите кои се следат во Република Северна Македонија, согласно новонастанатата ситуација со пандемијата на коронавирусот. 

Теми на кои се разговараше: 

Потреба за обезбедување на слободен транзит во рамките на ЦЕФТА, особено на основните стоки – медицински материјали и средства и прехранбени продукти; 

Соработка со агенциите вклучени во царинење на стоката; 

Електронска размена на информации пред пристигнување на основните стоки помеѓу членките на ЦЕФТА и можно поврзување со земјите членки на ЕУ.

На состанокот беше заклучено да се следи ситуацијата континуирано и да се издадат соодветни мерки за олеснување на протокот на стоки преку постапување според соодветни приоритети на граничните премини особено за транспорт на медицински материјали и средства и прехранбени продукти.

Директорот на Царинската управа на РСМ предложи да се воспостави зелен коридор и приоритетни ленти за транспортот на прехрамбени продукти и медицинска опрема во рамките на ЦЕФТА, но и со земјите – членки на ЕУ во регионот со цел непречен и брз проток на овие стоки.

ЦЕФТА секретаријатот ќе спроведе заклучоците од овој состанок до соодветните агенции и институции во ЦЕФТА и ЕУ, со цел воспоставување на унифицирани мерки како за проток на стока, царинење и транспорт, така и за заштита на возачите од здравствен и санитарен аспект.

 

1
1
2
2
3
3
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4