Царинската управа ги известува  имателите на одобренија за повластено користење на етил алкохол наменет за медицински цели и производство на средства за дезинфекција наменети за борба против COVID – 19, дека обврската за доставување на гаранции за обезбедување на акцизен долг се продолжува до 30 Јуни 2020 година.

Имено, Владата на Република Северна Македонија на седницата, одржана на 1 април 2020 година, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со која приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување заклучно со 30 јуни 2020 година.

Уредбата е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 86 од 01.04.2020 година. 

УРЕДБА: