Согласно донесените одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на мерки за спречување ма внесување и ширење на коронавирус COVID 19 Ве информираме за следното: 

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 92/20) наместо забрана за извоз, се ограничува извозот на економските оператори и производителите на заштитни маски од Република Северна Македонија.

Имено, согласно оваа одлука економските оператори, производителите или увозниците во царинската постапка смеат да извезуваат заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна со тарифна ознака 4823 90 85 и маски пластични со текстилен филтер со тарифна ознака 6307 90 98 00, при што при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располага со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.

Во врска со Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица објавена на Службен весник на РСМ бр. 90 од 20), Ве информираме дека наместо забрана за извоз, извозот на брашно од пченица и наполица во текот на еден месец се ограничува во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец. Ограничувањето ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.”