Ве известуваме дека со завршувањето на вонредната состојба заклучно со датумот 22. 06. 2020 укинати се сите воведени мерки за спречување на внесување и ширење на вирусот COVID-19 донесени со Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба и тоа следните Одлуки:

Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (Сл. весник број 62/20) 

Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материја (Сл. весник број 76/20)

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 92/20) 

Одлука за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 109/20)

Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 70/20)

Одлука за за изменување и дополнување на  одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 90/20) и

Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 119/20)

Со почит,

Царинска управа на РСМ