Постапката на електронска регистрација во системот за е-Акцизи во СОЦДАД, од страна на Дипломатско-конзуларните претставништва и Претставништвата на соодветни меѓународни организации во Република Северна Македонија, е неопходен чекор и се очекува истата да биде направена од страна на Претставништвата.

 

Што се однесува до електронското поднесување на предмети во системот СОЦДАД (односно, електронско поднесување на Барања за поврат на акцизни давачки за акцизни стоки набавени во текот на календарската 2019 година), Дипломатско-конзуларните претставништва и Претставништвата на соодветни меѓународни организации ќе можат истото да го извршат најдоцна до 30 Ноември 2020 година. 

Барањата за поврат на акцизни давачки за да биде технички возможно, неопходно е претходно Претставништвото да ја има целосно заввршено гореспоменатата постапка за електронска регистрација во системот СОЦДАД.