Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, денес 25.06. заедно со директорите на Царинските управи учествуваше на Состанокот на генералните директори на Светската царинска организација. СЦОа е глобален меѓународен признат центар на царинска експертиза и има водечка улога во развојот, промовирањето и спроведувањето на современи царински системи и процедури. Во услови на пандемијата Ковид-19, состанокот се одржаа преку видео конференциска врска. 

Република Северна Македонија е членка на СЦО, која ја претставува Царинската управа. Нашата држава е договорна страна кон многу конвенции и инструменти на СЦО, како што се Конвенцијата за Хармонизиран Систем, Ревидираната Кјото Конвенција за олеснување и забрзување на царинските постапки, Рамката на стандарди за сигурност и безбедност на меѓународната трговија.

На состанокот, по изнесените коментари на претседавачот на Советот и генерералниот секретар на СЦО, беа прифатени предложените измени по скратена постапка на Хармонизираниот систем верзија 2022, што беа одобрени од Комитетот за Хармонизиран Систем, беа одобрени препораките од 103-та седница на Комисијата за финансии, беше потврдено продолжувањето на мандатите за одредени раководни позиции на работните тела на Советот и беа прифатени номинациите за работните структури одговорни за прашања во домен на политика, ревизија и финансии.

Инаку главна цел на Светската царинска организација е да се постигне поголема ефиаксност и ефективност кај царинските администрации што членуваат (183 земји членки), на кои им се пружа помош за успешно постигнување на поставените цели на национално ниво, во областа на прибирање на даноци, национална безбедност, олеснување на трговијата, заштита на општеството и прибирање на статистички податоци. Царинската управа на Република Северна Македонија учествува во многу форми и тела на СЦО, а генералниот секретар Кунио Микурија (Јапонија), минатата година ја посети Царинската управа.

1
1
2
2
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3