Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес се одржа on – line состанок на Советодавното тело при Царинската управа на Република Северна Македонија.

На состанокот претставниците на стопанските комори беа информирани за понатамошниот развој на системот на дигитална царина и е-царина. Посебен акцент се стави на надграбата и подобрувањето на СОЦДАД за што неопходна е поддршка и од бизнис заедницата. За таа цел формирана е работна група во која учествуваат претставници на економските оператори кои се директно вклучени во царинското работење. 

Поврзано со ова неопходен е и развој на нов EXIM и за што во подготовка е blueprint за нов едношалтерски систем. 

Ги информиравме стопанските комори и за претстојниот пилот-проект за воведување на сателитско мерење на времето на минување на граничните премини од 01.08.2020 година преку мобилната апликација GALILEO, за што ќе следат и дополнителни информации.

Директорот на Царинската управа информираше и за тековнитот TWINING проект за реформа на царинското законодавство, Проектот за pre-arrival информации во е-трговијата за мали пратки со Корејската царина, македонското претседвање со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки и наредните планови за понатамошна модернизација и дигитализација на работењето на Царинската управа.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3