EDGE е регионален проект од 3 до 5 години во Европа и Евроазија (Е & Е) кој има за цел да создаде инклузивен, одржлив економски развој и да поддржува интра-регионална и евроатлантска интеграција.

Во интервју за билтенот USAID EDGE,  директорот Ѓоко Танасоски зборува за важните резултати кои се постигнати во Царинската управа во врска со имплементацијата на реформите за зголемување на ефикасноста на царинското работење на национално ниво, вклучително и започнувањето на новиот систем за обработка на електронските царински декларации и спроведувањето на програмата за овластен економски оператор.

Директорот на ЦУ истакна дека со сите органи и Министерства во Владата на Република Северна Македонија, се направија исклучителни напори за одржување на економската активност со цел границите во регионот да се останат отворени во време на корона кризата. Па така, покрената беше иницијатива и воспоставени беа т.н. зелени коридори, каде сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24 часовна работа на граничните премини за извоз и увоз на стоки во рамки на ЦЕФТА регионот, како и на клучните гранични премини со Европската Унија, со приоритет за минување на свежите земјоделски и прехранбени производи, лековите и медицинската опрема.

ЦУ како претседавач на Поткомитетот за царини и потекло на стоки во ЦЕФТА постави неколку клучни приоритети како :

- олеснување на трговијата со стоки.

- Е-трговијата, преку кој се очекува да се обезбеди усогласување на развојот и регулативите со законодавството на ЕУ.

- координација во процесот на транзициската примена и ревидираните правила, ПЕМ-конвенција.

Во врска со пуштање во употреба на новиот царински систем за електронска обработка на царинските декларации СОЦДАД, директорот истакна дека тоа беше огромен чекор и со самото воведување на бесхартиено царинско работење се намалува  времето на поднесување на декларации, се поедноставуваат процесите, и најважно – значително се намалуваат  трошоците.

Воведувањето на ОЕО (Овластен Економски оператор) која всушност е меѓународно признаена марка за квалитет, укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Во моментот во Република Северна Македонија 13 компании имаат статус на ОЕО кои учествуваат со околу 50% од  надворешно трговската размена.

По доаѓањето на фунцијата директор на Царинска управа во 2017 година, г. Танасоски иницираше организирање на редовни неформални состаноци на директори на Царинскити управи од регионот со цел координирање на активностите и дискутирање за заедничките предизвици во спроведувањето на агендата за регионално олеснување на трговијата. Активностите од Повеќегодишниот акционен план за создавање на регионална економска област остануваат фокусирани на обезбедување на непречен проток на стока, луѓе, капитал и високо квалификувана работна сила, со што регионот на Западен Балкан треба да стане поатрактивен за инвестирање и трговска размена, со забрзано приближување кон Европската унија и обезбедување на просперитет за сите граѓани.

Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк:

https://medium.com/@edge/a-brief-q-a-with-gjoko-tanasoski-director-general-of-the-customs-administration-of-north-macedonia-a3ccb03b8956