Договорните страни на CEFTA, денес 29.09.2020 година, преку видео-конференциска врска одржаа консултативен состанок за договарање на активностите за дополнително олеснување на движењето на стока, што ќе бидат опфатени со следниот Повеќегодишен акциски план - Регионална економска област 2021-2024 (MAP REA 2021-2024), што во ноември оваа година треба да бидат усвоени на Самитот во Скопје и Софија во рамки на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Со состанокот претседаваше Царинската управа на Република Северна Македонија како претседавач со CEFTA Поткомитетот за царина и потекло. Поддршка во организација дадоа Проектот на USAID за економски развој, владеење и развој на претприемчивост и Програмата за поддршка на олеснувањето на трговијата (TFSP) на Меѓународната финансиска корпорација.

Поздравно обраќање како иницијатор на овој состанок имаше директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски, како и директорот на Секретаријат на CEFTA – Емир Џикиќ, директорот на Проектот на USAID за економски развој, управување и развој на претпријатијата (EDGE) - Јасминка Варналиева и Виолан Конар-Леси, Програма за поддршка на трговското олеснување на IFC ECA.

Преку дискусија се договараа областите на спроведување на реформи и посебните активности што ќе се реализираат во рамки на CEFTA во периодот 2021-2024, за натамошно подобрување на соработката во доменот на трговијата на регионално ниво и намалување на времето и трошоците во трговската размена. Се ревидира сегашниот Повеќегодишен акционен план за Регионална економска област (MAP REA) со констатирање на досегашните остварувања на овој план и предлагање на нови мерки и активности за реформи кои треба да обезбедат инегрирање на регионот во повеќе домени, вклучувајќи го тука и олеснувањето на слободното движење на стока.

Во рамки на состанокот беа опфатени теми со фокус на повеќе области како: одржување на зелените коридори, зајакнати контроли, взаемно признавање (со осврт кон воведувањето на концептот на Овластен економски оператор), управување со ризик, Систем за електронска размена на податоци SEED+, усогласување и соработка со ЕУ (правила за потекло и ОЕО, транспарантност).

1
1
2
2
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4