Денес, 06.10.2020 година, во рамките на Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја се одржа видеоконференциски состанок меѓу двете страни на кој се разгледа напредокот на спроведувањето на проектот, се изнесоа препораки  и се споделија корисни  информации.

Целта на овој проект е зајакнување на Царинската управа на Република Северна Македонија преку модернизација на царината. Овој проект треба да ја зголеми конкурентноста на Република Северна Македонија подобрувајќи ја целокупната продуктивност на Царинската управа. Компјутеризацијата и подобрувањето на царинските процеси ќе обезбедат подобри услуги за македонските претпријатија и пошироката јавност и ќе ја зголемат националната безбедност преку подобра контрола врз меѓународното движење на стока и патници.

Директорот на Царинската управа посочи дека изминативе пет месеци секојдневно многу колеги од Царинската управа заедно со колегите од Кореа учествуваа во низа работилници, студиски посети и разговори за подобро разбирање на царинските постапки во Кореа и во Република Северна Македонија со цел да се предложат најдобри решенија за подобрување и модернизација на царинското работење. Заради ова големо е задоволството што денес  ќе имаме прилика да ги слушнеме првобитните наоди и препораки од Извештајот за реформи на Царинската управа.

Претставниците од Царината на Јужна Кореја на состанокот изразија желба и за идна соработка и поддршка на Царинската управа со предлог за нови проекти финансирани од нив, а согласно препораките од Извештајот. Царината на Јужна Кореја е широко позната по својот технолошки напредок и бројните награди на полето на електронските достигнувања и е долгогодишен соработник и поддржувач на Царинската управа на РСМ.

 

1_1
1_1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5