Царинската управа ве известува дека на ден 02.11.2020 година (понеделник) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 10:50 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидати кои:

- го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.

Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:

 

Р.брИме и презиме на кандидатотВреме на полагањеЛокација
1.БОШКОВСКА МЕРИ10:50Просторија 1
2.ЃОРГИЕВСКА СТЕФАНИ10:50Просторија 1
3.ЕНДЕКОВСКИ САШЕ10:50Просторија 1
4.ЗДРАВКОВСКА ЈУЛИЈАНА10:50Просторија 1
5.ИЛИЕВСКА ЛАЗАРОВА МАРИНА10:50Просторија 1
6.ИСМАИЛИ АРЛИНД10:50Просторија 1
7.ЈАКИМОВСКА ФРОСИНА10:50Просторија 1
8.ЈАНЕВА ЕЛЕНА10:50Просторија 1
9.ЈОШЕВА НАТАЛИЈА10:50Просторија 1
10.ЛАЗОВСКА МИЛОСОВСКИ ИВАНА10:50Просторија 1
11.МАТЕСКИ ДИМИТАР10:50Просторија 1
12.РЕНДЕВСКА НАТАЛИЈА10:50Просторија 1
13.РИСТЕВСКА СОЊА10:50Просторија 1
14.РИСТИЌ ЃОКО10:50Просторија 1
15.РИСТИЌ ЕМИЛИЈА10:50Просторија 1
16.СПАСОВСКА ДАНИЕЛА10:50Просторија 1
17.ТРАЈАНОВСКИ МИТКО10:50Просторија 1

- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, потребно е во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот. 

-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои по прв пат се упатуваат на поправен испит односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05,05.02

Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.