Почитувани,

Царинската управа ве известува дека одржа онлајн дополнителни обуки за две групи пријавени учесници, додека обуката за третата група е во тек.

Од 2.11.2020 година (понеделник) започнува дополнителната обука за последната група пријавени учесници (листата на учесници може да ја најдете тука)

Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Бидејќи ова е последна дополнителна обука која се организира во овој период, потребно е оние пријавени учесници кои не се контактирани од одделението за обуки да се пријават на горенаведениот мејл. Доколку не се пријават  ќе се смета дека се откажале од учество на дополнителните обуки.

Заради поголема ефикасност на обуките ги охрабруваме сите пријавени учесници да постават прашања во врска со секојдневното работење. Прашањата може да се достават по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Царинската управа го задржува правото за измена на предложените термини, за што учесниците ќе бидат навремено известени.