Заврши дводневната меѓународна конференција за Едношалтерски систем и размена на податоци во Западен Балкан која се оддржува по трет пат и истата беше организирана од страна на Царинската управа на Република Северна Македонија заедно со УНЕЦЕ.

На оваа конференција која е од особена важност за развојот на проектот на нов едношалтерски систем – Single Window за издавање на дозволи и одобренија при увоз или извоз на стоки што минатиот месец го започнаа Република Северна Македонија, Албанија и Србија и преку кој треба да придонесе за подобрување на деловната клима и побрзиот проток на стоки преку границите, учество земаа високи претставници од земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои помагаат во спроведувањето на олеснување на трговијата на Западен Балкан (ОН, Светска Банка, ЦЕФТА и ЕУ).

Земјите од Западен Балкан уште еднаш ја потврдија волјата за продлабочување на меѓусебната соработката за постигнување на целта, а тоа е имплементацијата на новиот едношалтерски систем-Single Window.

На конференцијата беше дадена поддршка и признание на земјите од Западен Балкан за придвижувањето кон Европската интеграција и идејата за приближување на стандардите за дигитална размена на информации во врска со справувањето со последиците од пандемијата со КОВИД-19 врз трговијата и транспортот.

Од страна на Европската комисија на ЕУ беше презентирана новата законодавна рамка за Single Window која ќе влијае при изготвувањето на нацарт планот за новиот едношалтерски систем во Република Северна Македонија, Србија и Албанија. Моделите на податоци на UN/CEFACT и царинските податоци на ЕУ ќе бидат сериозно земени во предвид при развојот на SEED+.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
8
8
9
9
10
10
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10