Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека до денес (09.11.2020 година), можете да ги поднесувате вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник/Пријави за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02.

Со ова известување ве информираме дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник ќе се одржи на ден 16.11.2020 година со почеток во 10:50 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б).

Значи овој термин (16.11.2020) е закажан за кандидати кои во определениот рок се пријавиле да го полагаат стручниот испит за лиценциран застапник (теоретски дел) како и кандидати кои повторно го полагаат овој испит (оние кои претходно не го положиле испитот).

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.